21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Време е СДСМ да ги тргне розовите очила, економијата стагнира

Време е СДСМ да ги тргне розевите наочари и да ја види реалноста. Република Македонија тоне. Економијата стагнира. Државата е заробена, правниот систем деградиран, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на вицепремиерката Радмила Шекеринска дадена на отворената трибина на ОО СДСМ Бутел.

„Со СДСМ на власт јавниот долг на државата за прв пат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, додека државниот 4 милијарди евра. Додека долгот енормно расте, државата стагнира, платите паѓаат, стандардот паѓа, а трошоците за живот се се поголеми. Милиони нови задолжувања, а ниту една нова капитална инвестиција. Државата бележи пад на капиталните инвестиции. Нивото на реализација на капитални инвестиции во првиот квартал од 2018 година изнесува само 7.4 проценти. Наместо најавеното покачување на платите, имаме пад на платите за 867 денари во однос на февруари со јануари оваа година“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека истовремено додека платите паѓаат, цените растат, а граѓаните се се по сиромашни.

Спонзорирано: