18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Новинари добиваат пари за да ги величаат политиките на СДСМ

СДСМ не е опозиција и мора да даде одговор каде и како ги расфрла парите на граѓаните. Заев мора да понесе одговорност за расипничкото трошење на парите на граѓаните и мора да одговори кој е придонесот кој неговите советници го имаат во владиниот кабинет. Владата мора да одговори на прашањата кои ја засегаат севкупната македонска јавност. Македонските граѓани ги интересира дали со нивните пари се плаќа човек кој пукал во припадник на безбедносните сили на Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

„Дали советникот на Заев, Силвио Аврамовски, во Тетово пукал со огнено оружје, а потоа бил осуден за вооружениот инцидент и одлежал казна затвор? Скандалозен е и фактот што уредник на регионалната телевизија ВИС е дел од кабинетот на Зоран Заев како советник иако сè уште се занимава со новинарска дејност. Дали Ѓорги Калајџиев добива пари од граѓаните со задача да ги велича политиките на СДСМ и Заев во медиумот каде што е новинар во моментов? Дали Ѓорѓи Калајџиев оди по стапките на т.н. ,,независни’’ новинари Роберт Поповски и Мухамед Зекири. Новинари кои го воздигнуваа Заев, а како награда добија државни функции и високи позиции со цел да им се исплати нивниот претходен ангажман“, велат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, одговори и одговорност за расипничкото трошење мора да има и ќе има. Одговори и одговорност ќе има кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и детално ќе се испита на што оваа ненародна власт расипнички ги трошела парите на граѓаните.

Спонзорирано: