20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски за 91 советник годишно трошел над 1,7 милиони евра, обвинува СДСМ

Расипништво и расфрлање со парите на граѓаните е ангажманот на 91 советник на поранешниот премиер Никола Груевски, меѓу кои и сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Таквиот ангажман на над 90 лица во кабинетот на Груевски годишно чинел најмалку 1,73 милиони евра, пари на граѓаните. Тоа е сумa што е за трипати повисока од онаа што денес се издвојува за ангажманот на сите советници на премиерот Зоран Заев, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо преку својата партија да се обидува да ја манипулира јавноста со празни обвинувања, Мицкоски да излезе и да каже за неговиот ангажман, колку ги чинело граѓаните тоа што бил советник на Груевски, а потоа и како надворешен соработник во Владата предводена од Емил Димитриев. Особено имајќи предвид што Мицкоски бил советник на криминалната Влада на Никола Груевски во период во кој се случи најголемиот грабеж на граѓаните на Република Македонија.Водејќи се од принципите на отчетност и транспарентност, Владата предводена од СДСМ сите советници на премиерот Заев јавно ги објави на официјалната веб-страница на Владата на Република Македонија. Тоа е вредносна разлика што за ВМРО-ДПМНЕ е несфатлива“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: