3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Австралиски турист нападнат од куче скитник на плоштадот Македонија

Шеесет и тригодишен Австралиец вчера во полиција пријавил дека околу 11.30 часот бил нападнат од куче скитник на плоштадот Македонија во Скопје.

Според неговата пријава, кучето го каснало во пределот на левата нога. На австралискиот државјанин му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.