8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Тинејџерка заврши кај директорката затоа што со „градите ги вознемирувала учениците и наставниците“

Седумнаесетгодишната Лизи Мартинес од Флорида била повикана на разговор од директорката на училиштето Брејден Ривер во градот Брандетон. Причината била маицата која девојката ја носела тој ден во училиште.

Лизи тој ден носела сива памучна маица, но проблемот било во тоа што девојката под неа не носела градник.

Нејзините професори тоа го забележале па ја известиле директорката, која ја повикала Лизи во канцеларија и ја прашала: „Носиш ли градник?“ Иако можеби требало да се запраша зошто професорите воопшто гледаат во градите на девојката.

Кога Лизи одговорила дека не носи градник, директорката ја советувала или да набави градник или да стави фластери на брадавиците, за да не и се истакнуваат.

– Се чувствував понижено, девојките мораат да носат нешто што момците не мораат, рекла девојката.

Во школскиот правилник нема одредба за задолжително носење градник, но школската управа одлучила тоа да го внесе од наредната година. Лизи пак порачува дека нема да носи градник и понатаму бидејќи тоа правило го смета за дискриминација.