20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Борисов и Заев заедно ќе положат цвеќе на гробот на свети Кирил

Премиерот Зоран Заев со делегација на владини претставници како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката црква во Македонија, на 24 и 25 април ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“.

В четврток, 24 мај, премиерот Заев и делегацијата ќе пристигнат во базиликата „Свети Климент“ на молебен, каде што ќе ги пречека старешината на базиликата, отец Томас Мекарти. Во оваа базилика македонската и бугарската владина делегација заедно ќе положат венци свежо цвеќе на гробот на св.Кирил.

Потоа, македонската делегација ќе се упати кон базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положат свежо цвеќе на спомен/плочата од папата Адријан II, во чест на св. Кирил и Методиј. Истиот ден македонската делегација ќе положи венци свежо цвеќе и на споменикот „Св. Кирил и Методиј“ во Амбасадата на Република Бугарија, каде што ќе има и заеднички ручек на претседателите на владите на Република Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

В петок, на 25 мај, Заев и придружната владина делегација ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан, а потоа ќе се сретне со државниот секретар на Светата столица, кардинал Пјетро Паролин. Во попладневните часови македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање заедничка културно/уметничка програма организирана од министерствата за култура на двете земји.

Спонзорирано: