11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Домашен притвор за поранешниот албански шеф на полицијата

Албанското обвинителство соопшти дека на поранешниот министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, долгогодишен близок соработник на премиерот Еди Рама, му е одреден домашен притвор. Тахири е под истрага поради наводна вмешаност во криумчарење дрога.

Обвинителството барало да му се одреди притвор, но судот одлучил да биде во домашен притвор, соопшти портпаролот на канцеларијата на државниот обвинител.

Албанскиот премиер рекол дека ја почитува одлуката на судот и повикал на независен и транспаренетен. Тахири беше министер за внатрешни работи од 2013 до 2017 година, а минатата недела поднесе оставка на местото пратеник.

Обвинет е за поврзаност со криминална група осомничена за криумчарење на големе количини канабис. Некои од лидерите на таа мрежа на криумчари уапсени се во Италија и Албанија.

Спонзорирано: