13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија е стратешки партнер на Турција, порача Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е во тридневна посета на Велика Британија, пред заминувањето од Истанбул рекол дека Британија е стратешки партнер и сојузник на Турција.

Тој во Лондон ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј и со кралицата Елизабета. Со Меј, како што рекол Ердоган, ќе разговараат за билатерални, регионални и меѓународни теми.

Меѓу останатото,ќе се разговара и за последните случувања на Кипар, како и за заедничкиот акционен план на Блискиот исток, посебно во Сирија, Ирак и Иран.

Особено внимание во разговорите ќе биде посветено на зајакнување на трговската размена меѓу двете земји.

Спонзорирано: