4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев и Анѓушев на средби со бизнис-секторот во Охрид и во Битола

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев,  ќе престојува во работна посета во Охрид и во Битола. Во Охрид премиерот Заев ќе се обрати на Форумот на преносни систем-оператори на електрична енергија на Југоисточна Европа, чиј домаќин е акционерското друштво во државна сопственост МЕПСО.
 
На овој форум, на кој ќе присуствуваат и претставници на ЕНТСО-Е, односно Европската мрежа на оператори на преносните системи, и кој има за цел креирање единствен пазар на електрична енергија и негово вклучување во пан-европскиот пазар на електрична енергија, ќе учествува и вицепремиерот Анѓушев.
 
Премиерот и вицепремиерот потоа ќе ја посетат Битола каде што ќе учествуваат на работен состанок со претставниците на бизнис-секторот од Битолскиот Регион на кој ќе ги презентираат мерките за поддршка на мали и средни претпријатија од третиот столб, како и новата мерка за поддршка на пораст на платите до 18 000 денари во трудоинтензивни дејности.