11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се „разбуди“ најатрактивниот вулкан во Индонезија

Се „разбуди“ најатрактивниот вулкан во Индонезија – Мерапи. Тој изутринава исфрли пепел и друг вулкански материјал во висина од 5.500 метри. Нема информации за жртви, а локалната власт апелираше да се евакуира населението кое живее пет километри од кратерот.

Ерупцијата се случи одненадеш проследена со бучава, соопштија од Агенцијата за ублажување на последиците од катастрофа. Вулканот Мерапи на индонезискиот оствор Јава висок е 2.968 метри, а е најактивен од 500 вулкани во Индонезија. Во послендата ерупција на вулканот Мерапи 2010 година загинаа 347 луѓе.

Индонезија има околу 120 вулкани, а се наоѓаат во таканаречениот огнен појас на Пацификот каде судирањето на тектонските плочи предизвикуваат чести земјотреси и голема вулканска активност.

Спонзорирано: