21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нов пресврт во случајот со нападот врз Зијадин Села – Ова се новите моменти

Лидерот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, заложил куќа во селото Ливада како гаранција за да му се укине притворот на Абдуљфета Алими, кој е обвинет за настаните во Собранието што се случија на 27 април минатата година, објави синот на Алими на „Фејсбук“.

Алими, вработен како обезбедување во Собранието, беше едно од лицата кои го спасија Села. Тој по крвавите настани во Собранието раскажа што се случувало во законодавниот дом.

„Беше тежок момент. Ме викна моја колешка: ‘Фетах, дојди зашто го убиле Села’. Претходно, неколку минути бев во несвест, но Господ ми даде сила да трчам долу до првиот кат. Кога дојдов до клубот на пратениците, го видов господин Села како лежи целиот облеан во крв. И јас помислив дека е мртов. Но, забележав дека дише, дека има пулс. Таму беа двајца хулигани на кои им реков ‘тргнете се зашто е мртов’, а тие помислија дека работата е завршена“, рече тогаш Алими. Тој го земал Села на грб и го однел во канцеларија на најгорниот кат.

Абдулфетах и Села неколку часа биле сами. Во меѓувреме, во канцеларијата дошла медицинската сестра од Собранието за да му даде инфузија. Неколку часа подоцна стигнала група полицајци кои помогнале во нивното евакуирање.

Спонзорирано: