11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Татко забележал куче како трча кон неговиот син: Во моментот ја сфатил страшната вистина

Семејството Холовеј од Америка, седело пред куќата, кога нивното верно куче се залетало кон нивниот 18-месечен син.

„Мојот син играше на тревникот и одеднаш кучето тргна кон него. Навистина мислев дека ќе го фати детето“, вели таткото. Но, набрзо сфатил за што се работи кога кучето почнало да скока.

Што всушност се случило? Кучето забележало змија отровница како се движи кон детето.

„Кучето ја фати змијата на време, а таа го касна за врат“.

„Не смеам ни да помислам што би се случило доколку кучето не беше таму. Нашето дете не би преживеало“, вели мајката на детето.

Кучето сега е херој во семејството и се повеќе време поминува со детето.

Спонзорирано: