6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Силно невреме пустошеше низ Македонија – ова се првичните детали

Во 15.05 часот невреме ги зафати Ресен и атарите на селата Евла, Долно и Горно Дупени.

Центарот за управување со кризи информира дека овие региони беа зафатени со невреме проследени со врнежи од град, кое траеше 10-ина минути и зафати површина од 800 до 1.000 хектари.

Исто така, беа зафатени и атарите на селото Царев Двор и Дрмени. „Според актуелните радарски слики, на повеќе места во источните и југозападните делови од земјава, особено во планинските подрачја, има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Поизразена нестабилност со интензивен пороен дожд и грмежи има во северниот дел од Пелагониската Котлина, односно во Прилепско, во Преспанскиот, Гостиварско-кичевскиот, како и во Гевгелискиот Регион, а исто така и во Кратово-Пробиштип. Во југозападните делови според радарските слики локално можно е да имало појава на град“, информира ЦУК.

Нестабилното време со локален пороен дожд и грмежи ќе продолжи и во попладневните часови. Стабилизирање на времето ќе има во вечерните часови.

Од УХМР известуваат дека денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. В петок и в сабота ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи, но процесите се очекува да бидат послаби. Потоа, и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.

Спонзорирано: