21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Големите нафтени компании бараат построга контрола врз помалите увозници

Македонците генерално користат квалитетни горива, но е неопходно државата да спроведе построга контрола на внесот на нафтени деривати во земјава, бараат најголемите нафтени компании во Македонија. Од таму велат дека тоа е непоходно за да може реално граѓаните да знаат кој и со каков квалитет внесува гориво на пазарот. Од ОКТА и Макпетрол велат дека имаат сопствени мониторинг лабаратории каде се испитува квалитетот и оти со години бараат да се направи соодветна контрола.

„Државата се уште нема преземено конкретни чекори за мониторинг на целиот пазар. Кога го велам тоа мислам на останатите дистрибутери на пазарот. Сигурно дека има одредени пропусти и канали каде се внесува и гориво со несоодветен квалитет. Треба да се вклучи царината, министерството за економија, Пазарниот инспекторат“, рече Горан Анѓеловски, директор за стандардизација и квалитет во Макпетрол.

„Сите, по законска директива и норматива мора да ги задоволуваме тие квалитети. Нашата контрола и лабораториите ги пратат најновите стандарди и најновите акредитааци што се применуваат“, изјави Ице Рикалоски, директор во Окта.

„Со воведување на тој мониторинг во Македонија нема да има потреба од дополнителни лобаратории, туку дополнителни испитувања на оние места каде тие не се вршени“, изјави Трпе Ристоски, директор на Институт за акредитација.

Од Хрватската нафтена компанија ИНА велат дека со влезот во ЕУ, има построги правила за примена на еколошки стандарди во производство на нафтени деривати.

„Од влезот на Хрватска во ЕУ се зголеми и бројот на ЕУ стандардите, како што се еколошките. Сега сме стигнати до  Еуро шест гориво, нешто што го нема во повеќето земји во регионот. Тоа се тие построги додатни правила кои се однесуваат на заштита на околината“, рече Тихана Коренц, рафинерија за нафта ИНА.

Некои од граѓаните се жалат дека имале негативно исксутво во однос на квалитетот на горивата кои ги користат.

„Имаме искуства со други земји, на паример дека во Србија е понеквалитетно, во Хрватска е поквалитетно. Треба да се поводи сметка во приватните бензински станици“.

„Има горива мешани со вода и слични такви. Мора да има контрола на горивата од самиот старт кога веќе тие влегуваат во резервоарите на бензинските па се до крајните потрошувачи“.

„Сум имал искуство на патот за Кичево, кога дали од нечистото гориво трокираше колата и тогаш ми рекоа дека изгледа било нечисто горивото“, рекоа анкетираните возачи.

Инаку во Охрид се одржува седмиот Регионален симпозиум на лабораториите за нафта и нафтени деривати од регионот.

Спонзорирано: