4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Албанец сакал да помине граница со фалсификувана грчка лична карта

Албанец сакал да помине граница со фалсификувана грчка лична карта, соопшти македонската полиција.

„На излез на Граничен премин Аеродром Скопје, при контрола било утврдено грчката личната карта на Г.Р. (25) од Република Албанија, со која се пријавил да патува, била фалсификувана. При преглед кај лицето била пронајдена и албанска лична карта со негова слика и податоци Ј.Г. (25). Тој бил приведен во полициската станица и подоцна бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка“, се вели во билтенот на МВР, за овој случај.