11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За Франција, иранскиот нуклеарен договор не е готов и покрај повлекувањето на САД

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ледријан, вели дека иранскиот нуклеарен договор не е готов, и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од него, пренесува Би-би-си.

Договорот од 2015 година ги ограничи нуклеарните активности на Иран во замена за укинување на санкциите што беа наметнати од ОН, САД и од ЕУ. Но Трамп тврдеше дека договорот е фаличен во самата основа, велејќи дека ќе се повлече од него и повторно ќе ги воведе санкциите.

Во своите коментари за француското радио, Ледријан рече: „Договорот не е готов. Американците се повлекоа од договорот, но договорот сé уште постои”. Тој рече дека во понеделник е закажана средба меѓу Франција, Британија, Германија и Иран.

Од Русија нагласија дека се длабоко разочарани од одлуката на Трамп, додека Кина изрази жалење. Но потегот беше поздравен од големите регионални ривали на Иран, Саудиска Арабија и Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, еден од најгласните критичари на договорот, рече дека целосно го поддржува повлекувањето на Трамп од, според него, катастрофалниот договор.

Другите потписници на нуклеарниот договор велат дека и понатаму остануваат посветени на договорот.

Нуклеарниот договор беше договорен меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија – и Германија. Договорот беше издејствуван од претходникот на Трамп, Барак Обама.

Иран соопшти дека ќе се обиде да го спаси договорот, но ќе го рестартира збогатувањето на ураниумот ако продолжувањето на договорот не е можно. Во соопштението, иранскиот претседател Хасан Рухани рече: ”

„Ако ги постигнеме целите на договорот во соработка со другите потписници, тој ќе остане на сила”.

Спонзорирано: