20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Марш на Бесмртниот полк: Путин со слика од својот татко, а Вучиќ од дедо си

По воената парада и поставувањето венци на споменикот на непознатиот херој, во Москва започна маршот на Бесмртниот полк. Илјадници луѓе излегоа на улиците на Москва.

На овој марш, како и на воената парада и на полагањето венци, присутен е и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој претходно изјави дека ќе носи слика од својот дедо, за кој рече дека бил убиен од усташите. Путин, пак, носи слика на својот татко.

Во маршот на Бесмртниот полк учествуваат потомци на жртвите од Втората светска војна, кои носат слики од своите предци.

Спонзорирано: