13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

За овој хороскопски знак мај носи многу пари

За некои хороскопски знаци положбата на планетите во мај е таква што најдобро ќе биде да не го вадат паричникот од џеб.

Меѓу нив не се Лав, Рак и Водолија на кои аспектите им се наклонети кога се работи за финансии, но еден посебно се издвојува – се работи за Бик.

Во првата декада на мај Сонцето проаѓа низ знакот на Биковите, што ги прави креативни.

Ќе воспостават подобра соработка и ќе можат да бидат избрани за лидери на тимовите во своите области.

Треба да бидат внимателни во односите со бизнис партнерите

Сонцето ќе прави опозиција со Јупитер на 9 мај, поради што Биковите ќе се најдат во судир на интереси, што може да доведе до проблеми со бизнис партнерите. Ова не е поволен период за склучување нови договори.

Треба да бидат внимателни во јавните настапи со цел нивната популарност да не опадне поради некои непромислени изјави.

Во втората декада на мај Меркур и Уран влегуваат во овој знак и донесуваат големи промени и нови прилики за покренување нови проекти.

Ќе бидат склони да внесат промени во досегашниот начин на работење, да испробуваат нови технологии и методи.

Тоа на самиот почеток нема да донесе очекувани резултати. Ќе биде потребно некое време за Биковите да увидат што им е корисно од новите методи.

Спонзорирано: