9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Дедо преку оглас барал семејство кое ќе го посвои

Хан Зиченг (85) од Кина проживеал многу: јапонската инвазија, Кинеската граѓанска војна и културната револуција, но самотијата веќе не можел да ја поднесе, пишува Индепендент.

Така, во декември минатата година се одлучил на необичен потег: одлучил да пронајде семејство кое ќе го посвои.

„Осамен старец, физички силен. Може да оди во продавница, да готви и да се грижи за себе. Немам хронични болести. Пензиониран сум со месечна пензија од 750 евра. Не би сакал да завршам во старски дом па се надевам дека постои лице или семејство со добор срце кое би ме посвоило, би се грижело за мене и би ме закопало кога ќе умрам“, напишал тој во огласот кој го залепил на автобуска станица во своето соседство.

Хан раскажал дека очајнички му е потребно друштво бидејќи неговата жена починала, синовите го напуштиле, а соседите имаат свои деца и стари родители за кои мораат да се грижат.

Неговата приказна се проширила откако една жена го забележала како лепи оглас и неговата порака ја објавила на социјалните мрежи.

Иако потоа пронашол неколку пријатели, Хан до смртта не успеал да пронајде семејство кое би се грижело за него.

Последните денови од својот живот ги поминал барајќи пријатели. Телефонски комуницирал со линијата за психолошка помош на постари лица, а имал и двајца студенти кои редовно го контактирале.

Листата на повици од неговиот телефон покажала дека кратко пред смртта повикал еден број, а новинарите успеале да дознаат дека го однеле и во болница.

Спонзорирано: