13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се неспособни да поместат една бандера

На македонската економија и се случува вистинско цунами. Последнава година економијата предводена од црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски бележи катастрофални резултати, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ, осврнувајќи се на економските политики преку соопштение испратено до јавноста.

„Нема економски раст, нема зголемени плати, нема нови инвестиции донесени до неспособниот економскиот тим на СДСМ. Единствено со што можат да се пофалат е отварање на нов погон на инвеститор договорен од владата на ВМРО-ДПМНЕ или чочек на автопат кој пред една година беше речиси целосно изграден од претходната влада, но поради неспособноста да поместат една бандера, граѓаните патуваа по небезбеден пат“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата повтори дека за првпат јавниот долг надминал 5 милјарди, а државниот 4 милијарди евра.

„Не се инвестира во ниту еден значаен капитален проект, а сите инвестиции започнати од претходната власт се прекинати или се развлекуваат. За време на најголемата економска криза владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да привлече над двеипол милјарди евра странски инвестиции и за тој период се отворија над 170 000 нови работни места со што невработеноста од рекордно високите 38 проценти во 2006 се намали на 22 проценти во 2017 година“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму се додава и дека однесувањето на СДСМ не ја придвижува државата кон ЕУ и НАТО, а во македонската економијата не се пуштаат доволнои пари за да може да се покрене нов економски циклус со кој би се подобриле условите за живеење на многу граѓани.

Спонзорирано: