5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Со овој едноставен трик палачинките веќе никогаш нема да ви излезат жилави

Палачинките се еден од најчесто правените десерти. Брзо се прават, а многу се вкусни! Сепак, на многумина им се случува палачинките да им испаднат жилави, а со овој трик веќе нема да се случува тоа.

Во рецептите за смеса за палачинки пишува дека јајцата се ставаат цели, но ако ги одвоите белките и жолчките ќе добиете многу помеко тесто.

Направете смеса за палачинки како и обично, само со мала измена така што белките ќе ги одвоите од жолчките кои ќе ги разматите во смесата, а белките ќе ги оставите на страна.

Откако во смесата ќе ги ставите сите состојки (освен белките), од белките направете меко разматен снег (ниту премногу мек, ниту потполно цврст), па додајте го во смесата.

Снегот потоа нежно измешајте го со смесата, најдобро рачно со жица. Снегот од белки на палачинките ќе им даде пенаста структура и убава мекост. Дури и кога ќе се изладат, вака подготвените палачинки нема да станат жилави.

Спонзорирано: