12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претпладне сонце, попладне пороен дожд и грмежи

Врмето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град и температури до 28 степени.

Во Скопско денеска претпладне променливо облачно со повеќе сончеви периоди, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со можна појава на град. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во понеделник ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали.

Спонзорирано: