21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мажите чии жени го задржуваат своето презиме се „папучари“

Мажите чии жени го задржуваат своето презиме се „папучари“, сметаат најголем дел од анкетираните Британци и Американци.

Денес сè повеќе жени го задржуваат девојачкото презиме, а новото истражување покажало дека таа одлука силно влијае на начинот на кој другите ги гледаат нивните мажи.

Имено, кога жената одбива да го земе презимето на сопругот, поголем дел од околината него го смета за лице со слаб карактер.

Истражувањето е спроведено на Универзитетот Невада, а главното прашање било односот на околината кон мажот чија жена не го носи неговото презиме.

Авторите на студијата спровеле неколку онлајн истражувања помеѓу студентите во САД и Велика Британија, а во истражувањето им понудиле сценарио според кое жената после свадбата го задржува своето презиме.

Потоа тие морале да одговорат на неколку прашања за нејзиниот маж и неговата личност.

Повеќето го сметале за „немоќен и слаб“ и тоа само поради одлука која ја донела неговата сопруга.

Претходно истражување покажало дека луѓето поинаку ги набљудуваат жените кои го задржуваат своето презиме. Ги опишуваат како „амбициозни, моќни и наметливи“.

Спонзорирано: