19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Доколку утре се фаќате за волан, внимателно прочитајте ја оваа важна информација што ја лиферуваше МВР

Поради претстојниот “Виз Ер Скопски Маратон 2018”, организиран од “Сојузот на спортови на Скопје” и на кој е предвидено да учествуваат околу 10.000 натпреварувачи од педесетина земји, утре одредени сообраќајници ќе бидат забранети за сообраќај.

МВР соопшти дека за трката на 5.000 метри предвидена е траса на движење преку плоштад Македонија, преку Камени мост лево покрај новиот театар, па лево преку мостот Гоце Делчев до бул. Илинден и по него лево по улиците “Рузвелтова”, “М.Т.Гологанов”, “Димитрие Чуповски”, “11-ти Октомври” и пред Порта Македонија се врти лево на плоштад Македонија каде е целта.

Стартот на полумаратонот на 21 километар е од плоштадот Македонија преку Камени мост, лево покрај новиот театар, лево по мостот Гоце Делчев по бул. Илинден лево по ул. “Љубљанска” и ул. “Московска”, десно по ул “Војвода Васил Чакаларов”, на крајот на улицата се врти назад и се оди по улиците “М.Т.Гологанов”, “Димитрие Чуповски”, “11 Октомври”, “Крушевска република”, по бул. “Трета Македонска бригада”, ул. “Фрањо Клуз”, бул. “Јане Сандански” до крајот пред семафорот со бул. “Србија” каде се врти назад по бул. “Јане Сандански”, и улиците “Фрањо Клуз”, “Крушевска Република”, “11 Октомври”, се влегува низ Порта Македонија и на плоштадот, каде е и целта.

И главната маратонска трка ќе се одвива по истите сообраќајници како полумаратонот, но со уште еден дополнителен круг.

Спонзорирано: