10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во Македонија се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев

Во Македонија денеска се одбележуваат 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

По тој повод делегации на Владата на Република Македонија и на Собранието ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Напладне во свечената сала на Собранието ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката. Наградата е доделена за трудовите: „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“ од д-р Славчо Ковилоски, објавен во 2017 година; „Архитектонски конструкции1“ од авторот доц.д-р Енис Рафет Јакупи, објавен во 2017 година и „Првите 15 македонски доајени на Медицинскиот факултет“ од д-р Дончо Донев, објавен во 2017 година.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Спонзорирано: