12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган потврди дека ќе учествува на митинг во Сараево

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, потврди дека ќе одржи митинг со гласачите од дијаспората во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.

„Во период во кој некои земји дебатираат дали да ни дозволат да водиме кампања ние преферираме да се собереме заедно со нашите граѓани во Босна и Херцеговина. Ќе пристигнат и Турците што живеат во европските земји“, изјави Ердоган за „Хуриет“.

Актуелниот турски претседател очекува турските државјани од дијапората нему да му ја дадат поддршката на изборите.

Сараевскиот митинг, најверојатно, ќе се случи на 20 мај, но сè уште нема формална изјава за датумот. Турските предвремени парламентарни и претседателски избори ќе се одржат на 24 јуни, една и пол година порано од редовните. Претходно, Германија, Австрија и Холандија им забранија на политичарите од Анкара да организираат предизборни митинзи на нивна територија.

Спонзорирано: