10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: СДСМ манипулира и си поигрува со достоинството на земјоделците

СДСМ манипулира и си поигрува со достоинството на земјоделците, изјави Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на Диме Велковски од СДСМ.

„Најновата манипулација на СДСМ дека нешто работат, односно дека ги исполнувааат ветувањата кога е во прашање зелената нафта, е поигрувањето со достоинството на земјоделците. Со измените на законот за земјоделство и рурален развој или таканареченото воведување зелена нафта е уште едно изневерување на очекувањата и надежите на земјоделците. Како одговорна опозиција имаме обврска да ги информираме земјоделците дека овој закон е крајно популистички и не ја остварува вистинската суштина, а тоа е зелена нафта за сите земјоделци“, рече Мицевски.

Со овој закон, како што тврди, наместо ветените 50 проценти за покривање на трошоците во производство, земјоделците нема да добијат ниту 20 отсто.

„СДСМ не случајно испушти да нагласи дека иако максималната сума за добивање средства е 100.000 денари за земјоделско стопанство, практично на едно земјоделско стопанство што обработува 10 хектари земјоделска површини, средствата од 100.000 денари едвај покриваат една, максимум 2 агротехнички операции. Дополнително, знаејќи дека во Република Македонија има регистрирано 192.000 земјоделски стопанства според последниот попис, СДСМ предвидува само 60.000 картички, односно наместо сите земјоделци, како што се фалат со овој закон, дури две третини од земјоделците нема да добијат никаква финансиска помош“, рече Мицевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во Македонија што покажала како се работи за земјоделците.

Спонзорирано: