9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Заев најави силен скок на платите: За колку ќе пораснат?

Премиерот, Зоран Заев, денеска на прес-конференција најави нова мерка за раст на платите бидејќи, како што истакна, млад човек со плата од 12.000 денари може да направи многу малку.

Заев најави дека станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто-платите на работниците во малите, микро и средни претпријатија. Условите за оваа мерка ги исполнуваат околу 15.000 компании и 50.000 работници.

„Државата сака да ги потрши сите пари до последен денар, предвидени за оваа мерка. Условите мора да бидат исполнети, но работодавачите да не се плашат да аплицираат. Со оваа мерка, работниците ќе земаат плата над 18.000 денари. Сакаме да одржиме стабилност за компаниите“, нагласи премиерот.

Како што кажа Заев, мерката ќе трае цела 2018 година, а ќе треба да продлжи и во 2019.

Според премиерот, квалитетот на живот не се само примањата на работниците. Тој истакна дека дури и со променте на законот за извршителите ќе се намалат трошоците за граѓаните. Заев денеска во Владата учествуваше на свечената седница на Економскиот социјален совет (ЕСС) на која присуствува претставници на Синдикатите, работодавците и ресорните министерства.

„Пратениците од власта и опозицијата отворија иницијатива за отпишување на каматите за струја. Утре со нив го имам првиот состанок, каде ќе се обидеме заедно да помогнеме преку откажување од каматите за долгови, на соодветни институции, вкучително и приватни, со државна интервенција да помогнеме на граѓаните“, најави Заев, вејеќи дека ова е можност да се одблокираат смеки на голем број граѓани.

Спонзорирано: