3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се удавија 15 мигранти кои со брод сакале да стигнат во Европа

Најмалку 15 африкански мигранти загинаа кога нивниот брод со кој се обиделе да стигнат до Европа, се превртел недалеку од алжирското крајбрежје.

Притоа од 34 лица кои биле на бродот, 19 биле спасени, објави Ројтерс. Несреќата се случила недалеку од градот Оран, кој од главниот град на Алжир е оддалечен околу 450 километри.

Бродот испловил од Мароко, а засега не е позната националноста на мигрантите.

Спонзорирано: