7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Рокот за реализација на паркот во Карпош 4 е 2018-2020

Од владејачкиот СДСМ реагираат на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека градоначалникот Стефан Богоев не го исполнил ветувањето за изградба на парк во Карпош 4. Од таму велат дека рокот за реализација на посочениот парк е од 2018 до 2020 година.

„Овој временски период е наведен и во самата програма (страница 21) и веќе се преземаат чекори во делот на прибирање на документација за почнување со активностите за изведба на големиот парк. ВМРО-ДПМНЕ да не ја чита програмата селективно, туку целосно.

Во програмата може да го прочитаат и ветувањето за субвенција за купување велосипеди во Карпош, мерка што веќе е во тек на реализација во Општината, а за која се издвоени 300 илјади денари од буџетот на Општина Карпош и е прифатена со големо задоволство од карпошани.

Во општина Карпош се врши и надградба на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, каде што се зголемуваат капацитетите на постојната градинка, со објект од цврста градба, а во Бардовци во финална фаза е изградбата на целосно нова градинка.

Во Карпош 4 е завршена изградбата и на нова и современа фитнес-зона, која исто така беше дел од изборните ветувања на Богоев.
На полето на зазеленувањето на Карпош, само во изминатите две недели заседни се нови 155 висококвалитетни дрвја, рамномерно поделени во повеќе урбани заедници. Многу зборови и лаги, но малку факти – типично за ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на СДСМ.

Спонзорирано: