10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сѐ што поседува Заев е прикажано во имотниот лист, реагира СДСМ

Сѐ што поседува претседателот на СДСМ е прикажано во пријавениот имотен лист, реагира владејачката партија по прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара од Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев да одговорат колку е зголемен нивниот имот.

„Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, им служи на граѓаните, одговорно и транспарентно се однесува пред нив, пред законите и државата. Сè што поседува претседателот на СДСМ е прикажано во пријавениот имотен лист јавно објавен и достапен за јавноста. Како што и јавноста е повеќепати информирана, ова се однесува и за вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој транспарентно го објави имотниот лист и јавно се обврза дека ќе ги внесе сите евентуални промени во законски предвидениот рок“, се вели во писмената реакција на СДСМ.

Понатаму, владејачката партија смета дека е лицемерно ВМРО-ДПМНЕ да зборува за заробена држава кога за време на нејзиното владеење офшор-шемите на братучедите се стремеле целото стопанство да го претворат во семеен бизнис на фамилијата.

„Граѓаните ја ослободија заробената држава. Денеска Македонија е слободна, демократска, напредна и правна држава. Следува одговорност за целокупниот криминал во изминатите 11 години“, додава СДСМ.

Според нив, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да им понуди ништо на граѓаните освен измислиците и лажните вести кои, како што велат, остануваат единствен начин на дејствување на опозициската партија која не покажува капацитет да ги надмине поразените политики на пропаганда и манипулација.

Спонзорирано: