23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев предмалку соопшти одлична вест за младите: Ќе фрчат вработувања за млади во оиве градови

Го подобруваме животот на секој млад човек во нашата држава. Воведовме проект #ГаранцијаЗаМлади, со кој младите лица на возраст од 15 до 29 години, кои не се вработени, ниту вклучени во образованието или обуката, а оваа година за прв пат се евидентираат како невработени лица, во период од четири месеци имаат можност да добијат шанса за вработување, образование, обука или практиканство, соопшти премиерот Зоран Заев на фејсбук.

– Во „Гаранција за млади“ вклучени се повеќе владини институции, социјални партнери, граѓански организации кои работат со младите, а нивното вклучување ќе се врши врз основа на претходно евидентирање во Агенцијата за вработување на Република Македонија.

#АктивирајСе, пријавете се со пополнување на податоците преку оваа форма: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSeBI1tkYovuVEr1SQ…/viewform, информира премиерот.

Младите го заслужуваат своето место во општеството и заслужуваат подобра и достоинствена работа. Проектот се спроведува од Министерство за труд и социјална политика во соработка со Агенција за вработување на Република Македонија и Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM. Во оваа пилот фаза за имплементација на програмата се вклучени општините од градот Скопје, општина Струмица и општина Гостивар., напиша премиерот Заев на својот фб профил.

Спонзорирано: