3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Димитров се сретна со делегација од Националното собрание на Сoцијалистичка Република Виетнам

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денескa во Скопје оствари средба со делегација од Националното собрание на Социјалистичка Република Виетнам, предводена од потпретседателот на 14. Национално собрание, Уонг Чу Луу, а во чиј состав беа пратеници и претставници на региони во земјата.

Министерот Димитров ги истакна значењето и вниманието што Владата на Република Македонија го посветува на односите со државите од Азија, меѓу кои и Виетнам. Активната политичка соработка во изминатата година и поддршката што Република Македонија му ја дава на Виетнам на мултилатерален план се одлична основа за натамошно продлабочување на односите. Соговорницте се согласија дека постои неискористен потенцијал за зајакнување на билатералната соработка во повеќе области, пред сè, во економијата, образованието, културата и туризмот. За таа цел се разговараше и за можностите за воспоставување директна соработка меѓу бизнис-заедниците од двете земји, кои може да бидат значајни појдовни точки кон eвропскиот и виетнамскиот пазар.

Потпреседателот на 14. Национално собрание, Вонг Чу Луу, изрази задоволство од традиционалното пријателство меѓу двете земји и нагласи дека целта на посетата е натамошно продлабочување на односите. Виетнам позитивно гледа на реформската политика на Република Македонија и изразува поддршка за нејзините надворешнополитички приоритети. Во однос на билатералната соработка, покрај економијата, потпрестедалот ги посочи културата, образованието и туризмот како полиња што нудат широк потенцијал на соработка.