10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ за Хрватска: Ако сакаат дипломатска војна, ќе ја добијат

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека српската политика кон Хрватска во иднина ќе биде заснована на принципот реципроцитет. Тој истакна дека Белград ќе возврати со иста мера доколку официјален Загреб одлучи да го повлече својот амбасадор.

„Се надевам дека ќе преовладува разумот и дека ќе продолжиме по патот на добрососедска соработка, по патеката што ја зацртаа претседателите Колинда Грабар-Китаровиќ и Александар Вучиќ. Но, ако некој сака дипломатска војна, тогаш ќе има дипломатска војна“, изјавил Дачиќ во интервју за весникот „Информер“.

Српскиот дипломат истакнал дека Хрватите го прогласиле за непожелна личност српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, и дека Белград возвратил со иста мера по принципот на реципроцитет.

Според Дачиќ, реципроцитетот е мајка на дипломатијата, а исто така работата и американскиот и рускиот претседател, Трамп и Путин.

Спонзорирано: