11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вонредна временска прогноза: Следуваат грмежи и врнежи – од вторник уште една промена

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток.

Дневната температура ќе се движи од 24 до 30 степени.

Во Скопје слично време, сончево, од попладневните часови со услови за појава на краткотрајна нестабилност и понекаде со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Продолжува период на топло време со слаб до умерен развој н нестабилна облачност и понекаде со краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во попладневните часови. Повеќе услови за нестабилност има утре на исток и североисток и во понеделник. За време на викендов долж Повардарието ќе дува југоисточен ветер кој повремено ќе засилува. Од вторник се очекува повторно стабилизирање на времето.

Спонзорирано: