10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Патничка тужи авиокомпанија поради експлозија на моторот на авионот

Патничка која тврди дека пати од пост-трауматски стрес поради експлозија на мотор на авион на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ со кој патувала, ги тужи и авиопревозникот и производителот на моторот.
Лија Чавес поднела тужба пред Федералниот суд во Филаделфија поради наводна негрижа на авиокомпанијата и производителот на мотори, наведува агенцијата Асошиејтед прес.  Таа на 17 април седела покрај прозорот, три седишта зад моторот кој што експлодирал.
Патничката навела дека била под стрес кога поради декомпресија на кабината, жената која седела до неа буквално излетала низ скршениот рпозор, по што починала. Авионот кој патувал на релација од Њујорк до Далас, вонредно слетал во Филаделфија со откината облога од левиот мотор и со скршен прозор.
Авиокомпанијата соопшти дека авионот кој полетал од аеродромот Ла Гуардија во Њујорк со 143 патници и шетмина членови на екипажот, по оштетувањето бил принуден да слета.
Спонзорирано: