7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Во Северна Кореја медиумски мрак за средбата меѓу Ким и Мун

Средбата меѓу лидерите на Северна и Јужна Кореја е главната вест во сите светски медиуми, освен во Пјонгјанг, каде државната телевизија не го пренесувала историскиот состанок.

Имено, британски „Гардијан“ пренесе снимка од Твитер, на која се прикажани девет екрани што го пренесуваат историското ракување на двајцата лидери. На екраните се светски канали како Си-ен-ен, Би-би-си, јапонската и јужнокорејската државна телевизија.

Меѓутоа, на централниот екран, на кој требало да биде прикажана снимката што ја гледаат граѓаните на Северна Кореја, нема ништо. Инаку, Ким Џонг-ун стана првиот лидер на Северна Кореја кој зачекорил во Јужна Кореја откако полуостровот беше поделен со граѓанска војна од 1953 година.

Спонзорирано: