7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Историскo ракување на лидерите на Јужна и Севeрна Кoреја

Лидерите на Јужна Кореја и на Севeрна Кoреја, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун срдечно се ракуваа на почетокот од историската средба во демилитаризираната зона на границата меѓу двете држави. Откако Ким ја премина демаркациската линија на зоната, го повика претседателот Мун за момент да ја премине на територија на Северна Кореја. На територијата на Јужна Кореја каде беше подготвена свечена церемонијата на дочек и претставување на членовите на двете делегации.

Долгоочекуваната средба се случи во пограниченото село Панмунџом. Тоа е за прв пат по цела декада на иста маса да разговараат лидерите на двете Кореи. Средбата има своевидно историско значење со оглед на тоа што Ким стана првиот лидер на Северна Кореја кој стапнал на јужнокорејска територија по војната помеѓу двете земји која заврши во 1953 година.

Главна тема е нуклеарната програма на Северна Кореја, чијшто брз напредок ги зголеми тензиите на полуостровот до точка на вриење кон крајот на 2017 година. Состанокот се одржува по помалку од една недела откако Пјонгјанг најави замрзнување на сите нуклеарни и ракетни вежби и затворање на главно место за тестирање.

Според западните медиуми, Ким во книгата во „Куќата на мирот“ запишал „Новата историја почнува сега, години на мир се на историски почеток“. По почетокот на средбата Ким изјави дека сака да одржи искрени разговори за актуелни прашања и дека се надева оти самитот би водел кон добар исход.

„Се надевам на пишување на ново поглавје меѓу нас и ова е почеток. Ние ќе донесеме нов почеток. Се надевам дека ќе исполниме очекувања што ги имаат другите од нас. Се надевам на договор што ќе исполни големите очекувања“, истакна Ким. Според портпаролот на јужнокорејскиот претседател Јун Јунг-џан, сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг изјавила дека треба да се забраза обединувањето на двете Кореи, додека Мун предложил двете земји да се поврзат со железничка линија.

Спонзорирано: