11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Да се истражува подлабоко, до причините за стечајот на „Фени“, Анѓушев ги охрабри антикорупционерите

По вчерашните обвинувања од „Транспаренси интернешнл – Македонија“ дека вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, го оркестрирал случајот со стечајот за „Фени“ со цел да го заштити уделот што на пазарот го има „Енерџи деливери солушнс“, компанија која беше во негова сопственост, тој денес ги охрабри сите заинтересирани слободно да го истражуваат случајот подлабоко.

„Факт е дека денеска ‘Фени’ работи, факт е дека денеска во ‘Фени’ 800 вработени земаат плата и јас мислам дека е добро да се направат сите испитувања. Апсолутно никој од тоа не е загрижен во моментов, единствено сакам да ги продлабочат тие испитувања и да дојдат до причините зошто ‘Фени’ влегол во стечај. Јас ги охрабрувам да одат подлабоко во испитувањата и да ги видат сите постапки на транспарентност коишто биле од самиот почеток на создавање на проблемот до денеска. Малку сум загрижен што обвинувањата кои стигнале до ‘Транспаренси интернешенл’ доаѓаат од ‘Кунико’, тие коишто го створиле проблемот, но посакувам да се оди длабоко во испитувањата“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Претседателката на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева, вчера информираше дека канцелариите во Скопје, Берлин и Брисел заеднички ќе го испитуваат влијанието на Анѓушев врз стечајот на „Фени“. Таа го повика вицепремиерот да се изјасни по наводите за оркестрирање на стечајот.

Спонзорирано: