8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

10 милиони денари за спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата на седницата донела одлука да се гради спомен-обележје на Тоше Проески на неговото вечно почивалиште во Крушево. За оваа намена се одвоени 10 милиони денари од Министерството за култура.

„Средствата ќе и бидат префрлени на Општина Крушево која е задолжена да го изгради објектот“, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.