11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Наредиле камиони под надвозник за да спречат самоубиство

Полицијата од американската држава Мичиген на уникатен начин одлучи да спречи самоубиство на човек кој се закани дека ќе скокне од надвозник над автопат.

Драмата се случувала во раните утрински часови, а лентите на автопатот 696 во Мичиген биле празни. На работ на надвозникот стоел човек кој се заканувал дека ќе скокне.

Под надвозникот се наредиле 13 камиони со приколки, паркирани за да го ублажат падот доколку мажот одлучи да скоскне.

Набрзо по постројувањето на возилата, човекот одлучил да се повлече од намерата и да слезе од работ.

Спонзорирано: