13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Единствени резултати од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа криминалните тендери

Единствени резултати од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ се криминалните тендери, реагира СДСМ, по прес-конференцијата на Ирена Попова од опозицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје, бидејќи наместените тендери за остварување криминални интереси, уништеното зеленило, лажниот барок и еден од најзагадените градови во Европа се единствените резултати од владеењето на таа партија со Град Скопје. Ниту едно празно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги сокрие овие поразителни факти ниту пак ќе ги засени придобивките од одговорното работење на градската администрација предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Понатаму се додава дека градската аминистрација предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов работат одговорно, домаќински и отчетно, а одлуките што се носат се единствено во интерес на граѓаните на Град Скопје.

Спонзорирано: