10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шефовите на агенциите за разузнавање од регионот на средба во Скопје

Агенцијата за разузнавање на Република Македонија организираше средба на шефови на безбедносни и разузнавачки служби во Скопје, во рамките на процесот Брдо-Бриони.
Како што стои во соопштението од Агенцијата за разузнавање, претставниците на службите биле од државите вклучени во процесот.
„На состанокот се дискутираше за безбедносните закани во регионот, геополитика, како и тековните ризици по регионалната безбедност. На настанот присуствуваа и специјални гости од други земји, кои презентираа свои согледувања и анализи за безбедносните предизвици, дополнувајќи ја вредноста на дискусијата. Средбата е во поддршка на претседателскиот процес Брдо-Бриони а претседателите на државите – учеснички во овој процес ќе бидат информирани за заклучоците од дискусиите“, се навдува во соопштението.
Агенцијата за разузнавање воедно го искористи настанот за одржување и унапредување на регионалната соработка меѓу разузнавачко-безбедносните служби.
Спонзорирано: