19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски си поигруваат со чувствата на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски приземно и неодговорно си поигруваат со чувствата на граѓаните, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Александар Нацев.

„Изживувањето со граѓаните, поигрувањето со нивните судбини, попречувањето на правдата и злоупотребите на судските процеси беа главна одлика на 11-годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ, партија што и денес како опозиција продолжува со ниското и приземно ниво на злоупотреба на човечките трагедии. За ВМРО-ДПМНЕ, несфатливо е дека времето кога политиката се мешаше во судството, а процесите партиски се нарачуваа и монтираа, заврши со заминувањето на таа партија во опозиција. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ очајнички, ниско и скандалозно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствата на граѓаните“, смета СДСМ.

Партијата на власт, преку соопштението го кртикува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за кого вели дека сè уште е заробен во погрешните политики на Никола Груевски.

„За случајот ‘Монструм’, како и за другите судски процеси, надлежни се единствено правосудните органи во Република Македонија. Сите материјали што ги поседуваше СДСМ, а кои произлегуваа од незаконското прислушување што со години го правела минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, му се предадени на специјалното јавно обвинителство“, соопшти СДСМ.

Спонзорирано: