23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Британија планира да ги забрани пластичните сламки и лажички

Британската премиерка, Тереза ​​Меј, објави дека Велика Британија планира да ја забрани продажбата на пластични сламки, пластични лажици и пластични стапчиња за уши и воедно ги повика и другите лидери на Комонвелтот да се приклучат во борбата против пластиката и загадувањето на околината.

Вакиот британски план е дел од поширока стратегија насочена кон намалување на загадувањето на животната средина. Во согласност со предлогот на министрите, за идејата ќе се дискутира со претставници од бизис-светот на кои ќе им се даде доволно време да се прилагодат на новите правила.

Резултатите од една неодамнешна анкета покажале дека во Велика Британија секоја година се фрлаат околу 8,5 милијарди пластични сламки.

Меј рече дека владата ќе понуди финансиски средства за истражување и помош во износ од околу 61,4 милиони фунти со цел на земјите од целиот Комонвелт да им се помогне да го спречат фрлањето на штетен пластичен отпад во океаните.

„Британската јавност се покажа како многу кооперативна во врска со мерките за штетноста од пластичниот отпад, па тоа ни дава мотив денес да размислуваме за уште поамбициозни планови за намалување отпадот од пластика, како што е отстранувањето од употреба на пластичните сламки, лажици и чепкалки за уши“, рече Меј.

Секретарот за заштита на животната средина, Мајкл Гов, рече дека голем број британски трговци на мало, пабови и компании веќе работат заедно за да се заштити животната средина за идните генерации. Годишно во океаните завршуваат повеќе од 150 милиони тони пластичен отпад, што резултира со угинување на околу еден милион птици и 100.000 морски животни.

Спонзорирано: