15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Баскиските сепаратисти од ЕТА бараат прошка од своите жртви

Баскиската илегална организација ЕТА јавно ги призна злоделата предизвикани за време на вооружената борба за независност на Баскија и побара прошка од жртвите, стои во соопштението објавено во баскискиот дневен весник „Гара“.

Сепак, членовите на ЕТА тврдат дека не се единствените одговорни за страдањата во шпанска Баскија.

„Страдање постоело и пред основањето на ЕТА и продолжи кога ЕТА ги прекина вооружените акции“, се вели во текстот објавен од страна на „Гара“.

„Предизвикавме многу болка и непоправлива штета. Сакаме да ја изразиме нашата почит кон мртвите и повредените во акциите на ЕТА. Искрено и длабоко жалиме“, се вели во соопштението издадено во пресрет на најавениот распад на групата која уби повеќе од 800 луѓе во последните неколку децении борба против шпанската држава.

ЕТА посебно бара прошка од недолжните цивили.

„Принудени на секаков тип вооружена борба, знаеме дека нашите постапки им наштетија на граѓаните што на никаков начин не се вмешани во каузата што ја застапувавме. Предизвикавме голема штета што не може да се поправи. Бараме прошка од тие луѓе и нивните семејства“.

Бескиската сепаратистичка организација, основана под влијание на Франциско Франко, во 2011 година се откажа од вооружена борба. ЕТА официјално треба да објави распаѓање на 5 или 6 мај во француската Баскија, пренесоа неколку извори.

Спонзорирано: