7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Отишол да извади вода од бунарот и затекнал застрашувачка глетка

Отишол да извади вода од бунарот и затекнал застрашувачка глетка!

Од селскиот бунар во Паневље кај Врање припадниците на комуналната полиција заедно со здружението „Поскок“ од Владичин Хан извадиле 16 змии – смокови, кои ги пријавил жител кој ги забележал кога дошол до бунарот да извади вода, изјавил началникот на комуналната полиција во Врање Ивица Ташковиќ.

Ташковиќ за „Бета“ изјавил дека тоа е прва интервенција на комуналната полиција во фаќање змии оваа година, како и дека на лице место се забележани уште 20 змии кои останале сокриени во камењата на бунарот и кои не можеле да се извлечат веднаш.

„Првиот пат фативме десет змии, подоцна уште шест, додека останатите се провлекоа во камењата. Сигурно останале уште дваесетина змии кои се провлекле во камењата на бунарот длабок десетина метри“, рекол Ташковиќ.

Од бунарот биле извадени смокови, неотровници.

Спонзорирано: