19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ципрас: Грција ќе го заштити секој дел од својата земја

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, коментирајќи го скорешното зголемување на тензиите меѓу Турција и Грција, изјави дека неговата земја прифаќа соработка, но нема да избегне конфронтација доколку треба да ја заштити секоја педа од својот суверенитет.

„Нема да преговараме, нема да отстапиме и да се пазариме ни за една педа од нашата земја. Ова е место каде што луѓето живееле низ вековите и знаат како да го заштитат“, додаде тој.

Премиерот изјави дека сака да испрати порака за соработка и мирен живот, но и цврстина.

„Агресијата и провокациите не се знак за моќ“, додаде тој говорејќи за недаменешните турски активности во Егејското Море.

Спонзорирано: