12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во Струмица

На 16.04.2018 година, околу 13,30 часот во ПС од ОН Струмица пријавено е дека во с.Добрејци-Струмичко, откако И.Ј(26) го оставил паричникот во неговиот двор во истиот момент дошол Д.М. од истото село, го зел паричникот и од него одзел 33.000 денари.

Кога И.Ј. си ги побарал парите, Д.М. го удрил со неколку тупаници и клоци во пределот на главата и телото и му се заканил дека ќе го убие, и потоа излегол од дворот.

Во меѓувреме таткото на оштетениот го предупредил Д.М. да му ги врати парите на неговиот син, но Д.М. и него физички го нападнал.

Причина за нападот, според пријавеното, било тоа што Д.М. требало да плати казна по судска пресуда поради сторен прекршок поврзан со И.Ј.

Увид бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Струмица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Спонзорирано: