15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи до Меркел: Приштина работи на спроведување на договорите со Белград

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, телефонски разговара со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, за потребата од продолжување на дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.

Како што беше соопштено, Тачи ја уверил Меркел дека Приштина останува посветена на спроведувањето на сите договори што беа постигнати досега, како и на постигнување конечен и законски обврзувачки договор помеѓу Косово и Србија.

Меркел, како што се истакнува во соопштението за разговорот, ја поздравила конструктивната улога на Косово во процесот на дијалогот со Србија. Меркел позитивно се изјаснила и за почетокот на работата на управувачкиот тим, во чија надлежност е изработката на статут на заедницата на српските општини на Косово и Метохија.

Спонзорирано: